Една студија, објавена во списанието „Scientific Reports“, покажува дека бонобо мајмуните – барем кога се работи за анатомијата, имаат повеќе сличности со човековите предци од шимпанзата.
Бонобо мајмуните се најблиску до она што денес го нарекуваме „човекови предци”, вели професорот Бернард Вуд од Универзитетот “Џорџ Вашингтон”.
Со оглед на тоа што се работи за заштитен вид, овие животни ретко се подложувани на дисекција.
Сепак, научниците имале ретка можност да ја проучуваат нивната анатомија на седум мајмуни, кои угинале во зоолошки градини.
Се работи за прва студија во рамките на која се врши детална споредба на мускулатурата на бонобо мајмуните, шимпанзата и луѓето. Сите три видови цицачи имаат заеднички предок кој живел на Земјата пред неколку милиони години.
Први од стеблото се издвоиле луѓето, но откако шимпанзата и бонобо се разделиле едни од други, анатомијата на бонобо мајмуните помалку се изменила.