16-годишно девојче откри човечки заб стар 560.000 години

„Голем човечки заб, за кој не знаеме дали припаѓал на маж или жена, е откриен за време на ископувањето на почва за која знаеме дека е стара 550.000 – 585.000 години, бидејќи користиме различни методи за датирање. Ова е големо откритие, бидејќи постојат многу малку човечки фосили од тој период во Европа“ – изјави за печетот палеонтологот Амели Виале.

Забот е откриен во пештерата Араго, во близина на селото Тотавел, едно од најважните места од праисторискиот период во светот, каде што се вршат ископувања веќе 50 години.

 


На ова место се откриени и повеќе од 140 човечки фосили кои припаѓале на Тотавел луѓето , едни од првите луѓе, за кои се проценува дека живееле пред околу 450.000 години.

Волонтерката Камил што го открила забот е една од стотиците млади археолози приправници кои секоја година доаѓаат да работат во пештерата и да ги проучуваат човечките предци од ерата на долниот палеолит.


Пронајдениот заб е долен инцизив, а неговиот сопственик според археолошките наоди од пештерата живеел во ладен сув и ветровит период и ловел коњи, елени, бизони и носорози.

Долго време, вилицата Хајделберг, заедно со брадата и целата низа од долни заби што беше откриена во Германија во 1907 година, која датира од пред 600.000 години, беше најстариот фосил од човечките предци во западна Европа. Сепак во некои археолошки ископини, пронајдени се докази за камени алатки кои датираат од многу порано.

Ова покрена многу прашања и дебати за животот и присуството на предците на човекот во Европа, пред современите луѓе од Африка да почнат да го освојуваат останатиот дел од планетата.

Во 2013 година во југоисточна Шпанија беше откриен фосилен заб, кој датира од пред околу 1,4 милиони години, што сериозно го помести временскиот период во кој Европа била населена од современите луѓе.

Тони Шевалје, палеонтолог од Тотавел, вели дека откривањето на забот ќе придинесе во сегашната дебата околу Хомо хајделбергенсис. „Дали Хомо хајделбергенсис едноставно е  евопски вид или и тој потекнува од Африка“- вели Шевалје.

Поддржете ја нашата работа: