Овој потег следи после одлуката на институтите за значително намалување на употребата на шимпанза во истражувањата, која ја донесоа во јуни 2013 година. Како резултат на тоа, агенцијата ослободила околу 300 шимпанза, а задржала само 50 за понатамошни потреби. Од денес па натаму, тие последни 50 нема да подлежат на експериментално тестирање и ќе бидат префрлени во засолниште во Луизијана, каде што веќе се наоѓаат 200 шимпанза.
Додека овој потег е поздравен од страна на активистите, не секој е задоволен што агенцијата одлучи да не ги користи шимпанзата за идни истражувања, особено во случај на потенцијални непредвидени биолошки закани, како на пример некој нов вид на патоген.
„Со оглед на тоа што примарна функција на Националните институти за здравје е да го штитат здравјето на луѓето, овој потег е изненадувачки. Не ја разбирам оваа одлука“, вели Френки Трал, претседател на Фондацијата за биомедицинкси истражувања.
Важно е да се напомене дека објавата на Националните институти за здравје се однесува само на шимпанзата, а не на останатите видови кои се користат во истражувањата, тестирањата и образованието во САД (нивната бројка изнесува приближно 25 милиони). Истражувањата со другите видови на животни ќе продолжат со цел да се подобри здравјето на човекот на многу начини, вклучувајќи го и третманот и интервенциите, објаснуваат од организацијата.