Брилијантна тинејџерка успеа да направи чиста енергија со само 5 долари

Манаса Менду смета дека го пронашла решението за тоа како да ја направи ветерната и соларната енергија прифатлива и достапна за сите.

Ова 13 годишно девојче од Охајо ја освои главната награда во „Discovery Education 3M Young Scientist Challenge“ за нејзината работа во создавањето на исплатливиот дизајн на „соларни листови“ за создавање на енергија. Во прилог на освојувањето на титулата Најдобар млад научник на Америка, таа доби награда од 25.000 долари за нејзиното постигнување.

Овие листови, дизајнирани за да им помогнат на областите во развој кои имаат потреба од поевтини извори на енергија, чинат околу 5 долари за да се направат.

Во текот на изминатите 3 месеци, Менду заедно со 9 други финалисти, работеа на нивните проекти заедно со доделените ментори. Менду била инспирирана да дојде до поевтин начин на произведување на енергија по својата посета на Индија, каде што видела многу луѓе кои немале пристап до чиста вода и електрична енергија. Првично, нејзината намера била да ја користи само енергијата на ветерот.

Вака изгледал производот кога Менду се пријавила на натпреварот:

image

Но, потоа, со помошта на нејзиниот ментор Маргауз Мајтера, Менду се префрлила на еден поинаков начин на собирање на енергија. Црпејќи инспирација од тоа како функционираат растенијата, таа решила да се фокусира на создавање на соларни листови кои користат вибрациска енергија.

Еве како тоа функционира: нејзините листови може да ја собираат енергијата од врнежите, ветерот, па дури и сончевата светлина, со користење на соларни ќелии и пиезоелектрични материјали (делот од листот кој ги собира вибрациите). Сето ова потоа се трансформира во употреблива енергија.

Па, еве како изгледа крајниот производ:

image-1

Сега кога натпреварот е завршен, Менду сака да го развие својот прототип и понатаму, и да спроведе уште тестови за да еден ден може да се направи достапен за пазарот.

Првите четворица победници на овој предизвик за 2016-та година се: Амелија Деј, Рохан Ваг, Манаса Менду (добитник на главната награда) и Каен Јанг.

image-2

Оваа статија првично е објавена од „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: