Тоа звучи како невозможна мисија, но научниците од Универзитетот Нортвестерн во САД пронајдоа начин да го исклучат „генетскиот прекинувач” што предизвикува стареење – во црви. Иако се’ уште го немаме клучот на бесмртноста, откритието би можело да доведе до нови начини да бидеме повеќе продуктивни и активни во последните години од нашите животи.
Според истражувањето, овој генетски прекинувач автоматски се „превртува“ кога црвот достигнува репродуктивна зрелост. Реакцијата на стрес, односно механизмот кој ги одржува виталните протеини се исклучува во одреден момент, и процесот на стареење започнува со полна пареа. Кога ова исклучување е оневозможено, клетките се враќаат на почетното ниво на отпор, па црвот станува поспособен да се справи со стареењето.
Голем е скокот од црви до човечки суштества, се разбира, но двајцата истражувачи кои стојат зад овие експерименти велат дека има доволно заеднички биолошки врски за да се сугерира дека истата техника може да се примени на други животни. Клучниот момент е поврзан со репродукцијата, поради иднината на видовите.
„Нашите наоди укажуваат дека постои начин да се исклучи механизмот на стареење и да ги заштитиме нашите клетки преку зголемување на нивната способност да се спротивстават на стрес“, вели Ричард Моримото, главниот автор на истражувањето.
Научниците се фокусирале на гоноцитните и сома ткивата, со блокирање на биохемиските сигнали од едните за се одложи намалувањето на состојбата на вторите. Овие промени не биле очигледни во црвите, но се препознатливи на молекуларно ниво.
Резултатот е супер отпорно животно, стабилно против сите видови на клеточен стрес и оштетување на протеините.
Долг пат по ред, можеби би биле во можност да се репродуцира ист вид на отпор за нашите сопствени клетки. Извештајот е објавен во списанието „Molecular Cell“.