Често користениот аналгетик може да предизвика сериозни срцеви проблеми

СПОДЕЛИ

Генерално лекарите препишуваат аспирин после настанат срцев или мозочен удар поради разредување на крвта и намалување на шансите за повторен удар.

Некои целосно здрави луѓе исто така го пијат со цел да го намалат ризикот од болести, а во меѓувреме се спроведуваат и бројни истражувања со цел да се утврди дали истите го намалуваат ризикот од рак.

Поголемиот дел од истражувањата за аспиринот се спроведува на луѓе во средни години, а постојат многу докази дека со текот на стареењето се зголемува опасноста од земање на аспиринот.

Истражувањето спроведено во САД и Австралија на 19.114 здрави лица, постари од 70 години кои претходно немале проблеми со срцето, покажало дека земањето на аспирин не им е од корист, а сепак го зголемува ризикот од потенцијално внатрешно крварење.

Половина од учесниците во истражувањето пиеле по еден аспирин дневно во период од 5 години.

Три извештаи објавени во списанието “New England Journal of Medicine” покажале дека аспиринот не ја намалува опасноста од проблеми со срцето, ниту пак има други поволни ефекти врз здравјето на човекот.

“Тоа значи дека милиони здрави стари лица ширум светот кои пијат аспирин во ниска доза без медицинска причина, можеби тоа го прават непотребно, бидејќи истражувањето не покажало општ корисен ефект врз здравјето”, предупредува професор Џон Мекнејл.

Тој оценува дека овие резултати дури и досега обезбедуваат информации за лекарите кои подолго време веќе размислуваат дали да препишуваат аспирин на здрави пациенти или не.

“Ако имате повеќе од 70 години, здрави сте и претходно не сте имале проблеми со срцето, земањето аспирин всушност нема да ви донесе корист, па затоа не е препорачливо да се лекувате со аспирин, ако немате конкретна медицинска индикација”, вели професор Питер Ротвел од Универзитетот во Оксфорд.

Сепак, доколку подолго време пиете аспирин , не би требало одеднаш да престанете, бидејќи и тоа може да предизвика проблеми. Доколку сте во дилема разговарајте со својот лекар.

Дискусија

Коментари