Повеќе од 95% од американските тинејџери имаат барем еден електронски уред во спалната соба и го користат непосредно пред спиење. Во исто време, се појавуваат извештаи за намален квалитет на спиење и општо бројот на часови за спиење.
Едно ново истражување покажува дека изложеноста на комјутерски екрани и други електронски уреди го нарушува сонот кај тинејџерите.
За да дознаат дали овие две нешта се поврзани, норвешки истражувачи анализирале 10.000 норвешки 16-19 годишни деца за нивната секојдневна употреба на компјутери и гаџети, како и спиењето и сите жалби на несоница или лош квалитет на спиење. Податоците, објавени оваа недела во „BMJ“, откриваат впечатлив тренд.
Постои причинско- последичен однос. Колку повеќе поединецот е изложен на екранот, толку е поголема веројатноста да се појават проблеми со спиењето.
Речиси сите од испитаниците во истражувањето пријавиле користење на електронски уред пред спиење, и во просек секој од нив поминува 5-7 часови дневно пред екран. Поединци со највисоко ниво на документирано време пред екранот во текот на денот имале 1,5 пати повеќе тешкотии со со спиењето и спиеле само од 4-5 часа во текот на ноќта.
Авторите се загрижени дека влијанието може да биде драматично. Во нивното претходно истражување откриено е дека тинејџерите секоја ноќ во просек спијат 2 часа помалку од оптималното време.
Тимот шпекулира дека силната светлина од екранот е делумно виновна. Емитираната сина светлина ги нарушува хормоните за спиење. Таа го уназадува телесниот часовник и го отежнува заспивањето.
Исто така, податоците покажуваат дека онлајн разговор пред спиење е ризик фактор за нарушен сон. На тој начин го активирате и стимулирате мозокот, па не сте доволно релаксирани за спиење.
Не морате да ја исфрлите елекрониката од спалната соба, но овие наоди се доволни да размислите за таа идеја.