Чистење на калинка за 30 секунди

Чистењето на калинката може да биде многу неуредно и да ви одземе многу време. Како да ја исчистите калинката многу брзо? Немојте да си го губите времето и да се обидувате да ја растурате во сад со вода. Следете ги овие чекори и вашата калинка е спремна за 30 секунди.

Чекор 1: Засечете ја калинката со нож по средината
Чекор 2: Поставете ги прстите на средината, кај засекот и влечете за да ја разделите на два дела. Бидете трпеливи и обидете се од сите страни додека не се оддели. Овој чекор не е неопходен, туку само ги зачувува цели семките во средината. Ако брзате, може и да ја пресечете на половина, но така некои семки ќе бидат пресечени на половина.
Чекор 3: Притиснете и повлечете ги малку рабовите за да се олабават семките
Чекор 4: Земете некој сад, свртете ја калинката со семките надолу, и со дрвена лажица удирајте по кората се додека сите семки не паднат во садот.
Чекор 5: Отстранете ги лушпите што паднале и уживајте!

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt