Дали се јадат семките од калинките?

Многу луѓе избегнуваат да јадат калинки бидејќи не знаат како се јадат, а и одземаат многу време за сечење и чистење. Меѓутоа, вие можете да заштедите време и напор со јадење на семето од калинката кое исто така е хранливо.

Семката на калинката има екстра обвивка 

Семката од калинката е затворена во мала црвена обвивка, како скапоцен камен. Неговата внатрешност е сочна, а однадвор е обвиткано со белата семка од калинката. Всушност крцкавото семе и екстра обвивката се единствените јастливи делови од калинката.

Како да ги јадете семките

Можете да уживате во варијации на текстурата. Сосема е безбедно да се џвака и голта семето заедно со екстра обвивката или едноставно да го плукнете како кога јадете лубеница.

Хранливи факти

Семето и обвивката се богати со антиоксиданси. Според американското министерство за земјоделство, 1/2 чаша содржи 72 калории и 8,9 милиграми витамин Ц. Истата количина содржи 205 милиграми калиум и мононезаситени и полинезаситени масни киселини здрави за срцето. Семето содржи растителни влакна кои можат да ви помогнат да останете сити подолго време.

Иако семињата се јадат, не секој ги цени. Доколку сакате да ја издвоите само обвивката од семето, без да го плукате, најдобро е тоа да го направите нежно, со дрвена лажица во сад. На тој начин најефикасно ќе го зачувате сокот од калинката.

Повеќе за калинките во нашите други статии :

Како да исчистите калинка за 30 секунди

Калинки и урми за подобро здравје и низок холестерол

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt