План за чистење на Пацификот

Најмалку 1 милион морски птици и 100 илјади морски цицачи умираат секоја година како резултат на загадувањето. Покрај тоа, се ослободуваат токсични хемикалии кои преку синџирот на исхрана (рибите) ги внесуваме и ние.

Отсекогаш се сметало дека е невозможно да се исчисти океанот поради огромната површина. Но, Бојан Слат, холандски бизнисмен кој создава технологии за глобалните проблеми на одржливост, има решение за тоа. Тој е основач и извршен директор на организацијата „Чистење на океанот“ (The Ocean Cleanup) преку која планира да го исчисти Пацификот.

Наместо да се собира пластиката со помош на мрежи и бродови, тој развил систем преку кој, со помош на океанските струи, пластиката ќе се собира на едно место, со што значително ќе се намали времето потребно за чистење.

Организацијата планира да постави структура долга 100 км. во водите помеѓу Хаваи и Калифорнија, на длабочина од околу 5 м. Структурата ќе наликува на ѕид во форма на „V“ и ќе ги заробува ѓубрињата. Од организацијата сметаат дека на ваков начин за 10 години ќе се отстрани значителен дел од отпадот во Северниот Пацифик.

Но, колку и да е генијална оваа идеја, останатите се одговорни за смислување на решенија за да се избегне повторно фрлање на отпадот во водите. Слат се надева дека луѓето ќе станат свесни за проблемот и ќе придонесат на секој можен начин.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt