Човештвото во потрага по црни дупки

Кога идната година во САД ќе се вклучат двата детектора, тимот од Кардиф се надева дека нивните истражувања ќе им помогнат да ги „соберат“ слабите бранови што пред милиони години настанaле од колизијата на црните дупки – познати како гравитациони бранови.

Црните дупки не можат да се видат. Но научниците се надеваат дека со помош на преработените детектори, кои сега делуваат како џиновски микрофони, ќе пронајдат остатоци од судaрите на црните дупки.

Истражувачите предводени од д-р Марк Ханам, направиле теоретски модел што има за цел да ги предвиди сите потенцијални сигнали од гравитационите бранови кои би можеле да бидат откриени од детекторот.

Истражувачите од Кардиф се надеваат дека тие ќе дејствуваат како „точки водилки“ кои ќе им помогнат на научниците кои работат со џиновските детектори на „LIGO“ да ги препознаат вистинските форми на бранови и да  откријат како црните дупки орбитираат едни со други и се судираат.

„Брзото вртење на црните дупки прави орбитите да се нишаат. Ваквите нишања може да направат црните дупки да остават необични патеки една околу друга што предизвикува крајно комплицирани сигнали од гравитационите бранови. Нашиот модел има за цел да го предвиди ова однесување и да им помогне на научниците да ги пронајдат овие сигнали помеѓу податоците во детекторот“, објаснува д-р. Ханам.

„Понекогаш орбитите на овие црни дупки изгледаат како да се потполно заплеткани. Но ако замислите дека се вртите наоколу со црните дупки, тогаш работите стануват многу појасни, што би овозможило да направиме равенки со кои ќе може да се објасни што точно се случува. Тоа е слично како кога гледате дете на брза вртелешка во забавен парк како мавта наоколу со рацете. Гледано од страна, невозможно е да кажете што точно прави. Но ако седнете до него, ќе видите дека можеби седи сосема мирно, само со подигнати палци нагоре“, додава д-р. Ханам.

Новиот модел е програмиран во комјутерските кодови кои научниците од „LIGO“ од целиот свет се подготвуваат да ги употребат во потрагата по спојувања на црните дупки штом детекторите ќе се вклучат. Но потребно е уште доста работа.

Потребна е поголема комјутерска симулација за да се реши Ајнштјновата равенка за моментот пред и после колизијата. Потребно е да се направат многу симулации за да се опфатат доволно комбинации од масите на црните дупки и правците на вртење за да се разберат  во потполност овие компликувани системи.

Д-р. Ханан е оптимист. „Со години се мачиме да ги одгатнеме движењата на црните дупки. Сега кога тоа го решивме, знаеме што да правиме понатаму“, вели тој.

Времето си поминува. Штом детекторите ќе се вклучат, ќе биде само прашање на време кога ќе бидат забележани првите гравитациони бранови.

Поддржете ја нашата работа: