Чуден феномен – загревање на телото после смртта

СПОДЕЛИ

Неодамна во една болница во Чешка, докторите и патолозите биле сведоци на еден необичен феномен, кога телото после смртта не се лади, туку се загрева.

Имено, како што пишува „Popular Science“,  69-годишниот маж во една болница во Чешка починал од срцев удар. Еден час подоцна, додека сестрите го спремале телото за обдукција, забележале дека кожата му е необично топла. Температурата на телото изнесувала 40 степени Целзиусови, иако температурата во просторијата изнесувала околу 20 степени. Плашејќи се дека телото би можело спонтано да се запали, сестрите и докторите почнале да го ладат со мраз и на крај го оладиле до темпертура која се очекува да има мртво тело.

Овој случај е опишан во списанието „Аmerican Journal of Forensic Medicine and Pathology“ и фактички нема врска со спонтано запалување.

„Посмртната хипертермија е документиран феномен, но сепак не е довојно јасен“, вели д-р.Виктор Видн, форензички патолог во Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Во жив организам клетките создаваат топлина преку разложување на храната, одржувајќи ја температурата на телото на нормалните 37 степени Целзиусови. После смртта, без храна и кислород клетките престануваат да создаваат топлина и телото почнува да се лади со прилично предвидлива брзина во период од неколку часа. Патолозите обично според темературата на телото одредуваат пред колку време настапила смртта кај некое лице, што на пример може да биде од клучна важност за решавање на некое убиство.

Сепак, одредувањето на времето на смртта според температурата на телото не е секогаш едноставно. Во 1939 година, докторот Џон Дејви документирал необично високи температури на телата на британски војници кои починале на Малта. Кај некои од телата, температурата достигнала 45 степени Целзиусови, иако Дејви сметал дека високите надворешни температури можеби имале улога во тоа. Сепак, посмртното загревање било документирано и од многу други доктори и форензичари.

Меѓутоа, микробиологот питер Нобл од Државниот Универзитет во Алабама, кој проучувал како микроорганизмите и експресијата на гените се менуваат после смртта, смета дека студиите за посмртното загревање не се доволно строги. Тој истакнува дека во многу од нив не е наведена прецизноста на мерните инструменти, на кое место на телото е измерена температурата (како златен стандард се смета ректалната температура), температурата на воздухот во просторијата, дали телото било облечено, како и дека многу од овие студии не биле рецензирани.

Всушност, Нобл не е убеден дека посмртното загревање претставува вистински феномен. За наведениот случај во Чешка тој забележува дека температурата на телото била измерена во пазувите, која не е идеална и доколку термометарот не бил соодветно прецизен, највисоката и најниската температура може фактички да биле значително различни.

Според авторите на оваа студија, доколку посмртното загревање навистина постои, тоа може во голема мера да ја поремети форензичката истрага.

Сепак, посмртното загревање на телото сѐ уште останува мистерија. Причините за ваквата појава, колку често се јавува, како и самото постење на овој феномен се нејасни. Оваа појава тешко може да се проучува, затоа што вавите случаи се ретки и непредвидливи и не сите смртни случаи се во болница, каде температурата на телото внимателно се следи.

Постојат бројни фактори кои можат да го направат телото подложно на загревање после смртта, како интоксикација, трауми на мозокот, задушување, рак, употреба на дроги, инфекции, срцев удар.

А што се однесува до тоа што го предизвикува загревањето, во повеќето студии едноставно се наведуваат „метаболички процеси“.

Можно е ако некој човек трча и наеднаш почине – циркулацијата на крвта запира, топлината од неговите мускули нема каде да оди и температурата на телото привремено да се зголеми, вели Нобл. Или можно е лековите кои влијаат на протокот на крв да имаат улога во тоа, но бактериите кои предизвикуваат распаѓање веројатно не би предизвикале посмртно загревање „бидејќи имунолошкиот систем е сѐ уште активен 24 часа после смртта и растот на бактериите генерално запира“-вели Нобл.

Бактериите во цревата може да продолжат да ја разложуваат храната после смртта, што може да создаде одредена топлина. И сите клетки во телото не престануваат наеднаш да функционираат. Тие ќе продолжат да користат кислород и да ја разложуваат храната онолку долго колку што можат, а тоа е неколку минути откако ќе престане дишењето и циркулацијата на крвта. Бидејќи насобраниот јаглероден диоксид веќе нема каде да оди, создадените киселини почнуваат процес наречен автолиза или саморазградување на клетките. Овој процес, теоретски исто така би можел да создаде топлина.

Но, тогаш зошто посмртното загревање не се случува почесто?

Очигледно има повеќе прашања од одговори и ќе треба уште истражувања за да може науката на каже на што точно се должи овој феномен.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------