Да се запознаеме со ежовите

Постојат 15 видови на ежови во Европа, Азија и Африка. Ежовите се среќаваат и во невообичаени предели за нив, како што е Нов Зеланд. Името (на англиски) го добиле според своите необични методи на исхрана. Тие се пикаат во живите огради и други помали грмушки (анг. hedge) во потрага по храна, односно инсекти, црви, стоногалки, полжави, глувци, жаби и змии. Како што си го пробиваат патот низ оградите, испуштаат звуци, слични на грофтањето на свињите (анг. hog), па оттаму „hedgehog“.

Некои луѓе сметат дека ежовите се всушност многу корисни миленичиња бидејќи се хранат од штетниците во градината. Нивниот вид е слаб, па додека ловат, се потпираат на своите сетила за слух и мирис. Нивната големина варира од 13 до 40 см, во просек нивната големина одговара на една шолја за чај. Тежат од 397 гр. до 1 кг.

Ежовите се прекриени со цврсти и остри боцки. Во случај на опасност, се собираат како боцкаво топче и на тој начин се заштитуваат од предаторите. Всушност, тие и спијат во оваа положба преку ден, а навечер се будат и бараат храна.

Во ладна клима, тие хибернираат. Во многу топла клима, исто така – процес кој е наречен естивација. Во поумерени температури, остануваат активни во текот на целата година.

Овие осамени животни си наоѓаат партнер само за парење. Обично се раѓаат од 8 до 10 млади ежиња, кои остануваат со својата мајка само 4 до 7 недели по раѓањето. Младите ежиња, покрај другите предатори, мора да се чуваат и од постарите машки ежови кои понекогаш ги јадат. Понекогаш дури и мајката си ги јаде своите млади доколку гнездото е нарушено, иако понекогаш едноставно ги преместуваат во друго гнездо.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt