Дали хипнозата има научна основа?

Повеќето од нас хипнозата ја доживуваат како форма на терапија или едноставно како забава, но научниците ја опишуваат поинаку – како состојба на свест која вклучува високо фокусирано внимание, минимизирање на другите мисли и зголемена можност за реагирање на сугестии.

Од научна гледна точка, при хипнозата треба да се постигне истиот вид на фокус која се постигнува кога на пример читате книга или гледате телевизија, се вели во видеото на „AsapSCIENCE“.

Во оваа состојба, нашиот ум е способен да ги исклучи автономните одговори без да сме свесни за тоа. Еден пример за автономен процес е ефектот на Струп, односно кога името на една боја и самата боја се различни. На пример, кај сината бои да стои написот зелена. Колку и да е едноставно да се идентификуваат и именуваат боите, изненадувачки е тешко тоа што кога сакаме да го прочитаме зборот не можеме веднаш да ја именуваме бојата. Тоа не би се случило доколку зборовите се на друг јазик и немаат никакво значење за нас, бидејќи не го зборуваме тој јазик.

Што би се случило кога хипнотизирани пациенти би требало да го направат овој тест? Во видеото, се опишува експеримент при кој луѓето се хипнотизирани да мислат дека имињата на боите се глупост и тоа привремено го елиминирало ефектот на Струп. За нив, како зборовите да потекнувале од некој странски јазик.

Кога истражувачите ја набљудувале активноста на мозокот на учесниците, преку функционална магнетна резонанца, забележале намалена активност на предниот цингулатен кортекс – област во мозокот вклучена во решавањето конфликтни и конкурентни барања. Исто така, забележале намалена активност во визуелниот кортекс што е клучно за распознавање на пишаните зборови. Способноста за исклучување на овие автономни процеси би била исклучиво корисна алатка за невропсихијатрите, за да разберат како сето тоа функционира.

Проблемот е тоа што хипнозата нема подеднаков ефект на сите и некои луѓе едноставно не се подложни на хипноза. Како е тоа возможно? Погледнете го видеото!

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација