Науката открива: Колку време е потребно за да се заљубиме?

Новите мета-анализи направени од страна на проф. Стефани Ортиг докажуваат дека вљубувањето може да предизвика исто толку еуфорија како и земањето кокаин, но и дека тоа исто така влијае на интелектуалните области од мозокот.

Покрај откривањето на љубовната еуфорија и сличноста со земањето дрога, истражувачите откриле дека вљубувањето трае само петтина од секундата.

Резултатите од тимот на проф. Ортиг исто така покажуваат дека за време на вљубувањето, 12 области во човековиот мозок работат подеднакво за да создадат хемикалии кои предизвикуваат еуфорија, како што се: допамин, окситоцин, адреналин и вазопресин.

Љубовта влијае и врз софистицираните когнитивни функции, како што се: менталната претстава, метафорите, изгледот и движењата на телото.

Наодите го поставуваат прашањето: „Се вљубува срцето или мозокот?“

„Тоа е трик прашање“- вели проф. Ортиг. „Јас би рекла дека мозокот е тој што се вљубува, но срцето е исто така поврзано со љубовта, бидејќи комплексниот концепт на љубовта се состои од два процесa во кои срцето му праќа сигнали на мозокот и тој му враќа со повратни сигнали. На пример, активирањето на одредени делови од мозокот имаат способност да генерираат стимулации до срцето, пеперутки во стомакот. Некои симптоми кои чувствуваме дека потекнуваат од срцето, може всушност да доаѓаат од мозокот“.

So-why-do-people-fall-in-640x416Други истражувачи откриле дека исто така се зголемуваат и нивоата на факторот за раст на нервите во крвта. Тие нивоа се значително многу повеќе изразени кај двојки кои штотуку се вљубиле. Оваа молекула игра важна улога во социјалната хемија меѓу луѓето, или, феноменот кој е познат како „љубов на прв поглед“. Според проф. Ортиг, овие резултати во целост потврдуваат дека љубовта има научна основа.

Истражувањата исто така покажуваат дека различни делови од мозокот се вљубуваат. На пример, безусловната љубов како што е љубовта меѓу мајката и детето е предизвикана од заеднички и различни мозочни делови. Страсната љубов е предизвикана од делот кој е одговорен за чувството на награда, но таа се предизвикува и од мозочните делови каде има повисок ред на когнитивни функции.

Резултатите од работата на проф. Ортиг и нејзиниот тим се официјално објавени во весникот „Journal of Sexual Medicine“.

Поддржете ја нашата работа: