Дали мачките предат кога нема никој во близина?

Зошто мачките воопшто предат? Луѓето смеатаат дека предењето е показател дека на мачката и е убаво, што е точно, но сепак тоа не е единствена причина за тоа зошто мачките испуштаат такви посебни звуци. До предење доаѓа на почетокот на животот од мачката, уште за време на доењето, и со тоа е веќе јасно дека човекот не е причина за таквата ситуација.

Сопствениците на мачки сигурно знаат дека нивните миленици можат да произведат и повеќе видови на предење, слично на тоа како што имаат различен репертоар на мјаукање. Звукот кој го произведува малото маче додека цица прилично се разликува од предењето.

Анализите покажале дека звукот од предењето кога е во прашање барањето на храна, било тоа од сопственикот или мајката е многу посилен, а по фреквенција е слично на плачењето, иако не е толку гласно. Кога луѓето галат мачка, предењето е помирно, а акустичните анализи покажале дека компонентата на плачење изостанува.

Возрасните мачки предат и кога се во близина или при физички контакт со некоја друга мачка. Тоа понекогаш го прават и кога си играат со некој предмет или кога јадат. Тоа се случува дури и кога мачките се сами. Најчесто сепак ќе предат кога се во друштво, кога сакаат храна или внимание.

Ветеринарите велат дека мачките предат и кога се соочуваат со големи болки или непосредно пред смртта. Се верува дека со самото предење мачката настојува да се увери дека сè е во ред и да се смири самата. Токму затоа аналитичарите на однесувањето на мачките велат дека предењето е неопходно за здравјето на мачката.

Порано се верувало дека само мачките од видот felis genus можат да предат. Меѓутоа, сите мачки имаат способност да предат, вклучувајќи ги и големите мачки како тигарот, лавот, пантерот, леопардот и гепардот.

Одредени истражувања даваат објаснувања за предењето според кои, додека мачката преде нервите кои се наоѓаат во гласните жици се активирани, со што даваат одредени сигнали од кои нивното грло вибрира. Вдишувањето и издишувањето на воздухот предизвикува одреден звук, кој всушност е самото предење.

Колку гласно, со кој тон и висина ќе биде предењето варира од мачка до мачка. Предењето на домашната мачка варира од 22.4 до 30.2 херци. Кај некои мачки се чувствува силно вибрирање и силен звук додека предат, а кај некои предењето може да се почувствува само ако со рака се допрат под грлото.

Поддржете ја нашата работа: