Слушнете како звучи најдлабокото место на планетата

Научниците ги објавија првите аудио снимки направени во најдлабоката точка на Земјата „Challenger Deep“, на дното на Маријанскиот ров.

Многу малку се знае за овој длабок темен свет, главно поради тоа што е тешко пристапен. Но, океанографот Роберт Џиак од Националната океанска и атмосферска администрација на САД сфатил дека ако ние не можеме да го истражуваме, можеме барем да го прислушкуваме. Така, тој заедно со својот тим спуштил хидрофон обложен со титаниум кој снимал во рок од 23 дена.

Слушнете како звучи најдлабокото место на планетата

Најверојатно првото нешто што ќе го забележите е дека најдлабокото место на Земјата е погласно отколку што мислевте. Тоа е така бидејќи звучните бранови патуваат долго во водата, на тој начин претворајќи го „Challenger Deer“ во соба за ехо, од звуци кои доаѓаат од различни страни оддалечени со километри.

На следнава снимка можете да слушнете какои звучи кога поминува брод на површината на водата, на оддалеченост од 10,9 километри од ровот

Вака звучи земјотрес со јачина од 5 степени кој се случил во близина на Гуам на 16 јули 2015 година

А вака звучат криковите на китовите пред и после овој земјотрес

Научниците се изненадени од тоа колку јасни може да се слушнат китовите, бродовите, како и разни други активност кои се одвиваат на површината на водата. Планираат да се вратат во Маријанскиот ров и да направат повеќе снимки кои потоа ќе ги искористат за да постават база за звуците во најдлабокиот дел од Тихиот Океан, со што во иднина ќе можат да утврдат дали се зголемува бучавата од луѓето и дали влијае на комуникацијата, навигацијата и исхраната на животинскиот свет во океанот.

Поддржете ја нашата работа: