Дали религијата навистина е виновна за војните?

„TestTube Plus“ е портал изграден за ентузијастички фанови на науката кои разговараат на најразлични теми.

Секоја недела на „TestTubePlus“ се разгледува една тема од сите агли, на начин кој е едноставен и разбирлив за сите. Оваа недела темата е Бог. Домаќинот, Трејси Домингез, објаснува како може науката и Бог да функционираат во хармонија, кога луѓето започнале да веруваат во Бог, потеклото на религијата и како луѓето можат да имаат корист од системот на верување. Се разбира, неминовно е да се спомене врската меѓу религијата и војната.

Религијата често се обвинува за војни и трагедии, од Крстоносните војни, холокаустот се до тековните бранови на екстремистичко насилство на Блискиот Исток. Но, дали е религијата навистина виновникот? Кога ќе погледнеме подлабоко, ситуацијата станува посложена. Учебниците за светска историја ги опишуваат Крстоносните војни долги 200 години како „света војна”, но некои историчари гледаат на нив како борба за територија. Поконкретно, материјалистичката теорија (под влијание на марксизмот) тврди дека крстоносните војни биле економски мотивиран одговор на огромните промени кои се случувале низ Западна Европа во тоа време. Брзо нанапред до првата половина на дваесеттиот век, повторно доаѓаме до тешките економски услови во Европа, како и хиперинфлацијата, поради кои настана Втората светска војна и злосторствата извршени во холокаустот. Германија и неколку други земји на губитничката страна од Првата светска војна се чувствуваа осиромашени. Хитлер го користеше ова гориво за екстремниот национализам, кое на крај резултираше со холокаустот.

На површината, сегашниот конфликт со ИСИС се чини дека целосно е вкоренет во религија, но постојат и економски, политички и социјални причини. Научниците мислат дека луѓето се приклучуваат на ИСИС за да се исполни страсната потреба за правење на нешта кои се перцепираат како погрешни. Со неправдата, ја враќаат честа на оние на кои им е одземена. Не е случајно што ова движење е започнато во осиромашен, воено разурнат дел од светот. Може да се тврди дека чувствата на немоќ и виктимизација се причичините за пораст на ИСИС, а не верското убедување. Всушност тие имаат свој систем, кој благо речено, нема врска со исламот. Но, за ИСИС ќе зборуваме повеќе во следна прилика.

Темата е долга и широка. Секој од нас има свое мислење и тоа е сосема во ред. Се надеваме дека ве поттикнавме да размислите зошто и денес, кога цивилизацијата е на својот врв, се’ уште постојат војни и историјата не престанува да се повторува.

 

Поддржете ја нашата работа: