Дали се ова првите ѕвезди во универзумот?

Со помош на гигантските телескопи на Земјата и во вселената, астрономите детектираа ѕвезди кои може да претставуваат едни од првите ѕвезди кои се формирале во универзумот.

Масивните сини ѕвезди биле откриени кај неколку млади и многу светли галаксии, вклучувајќи ја и галаксијата „CR7“, наречена по португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

„Не очекувавме да најдеме толку светла галаксија. Како што ја разоткривавме нејзината природа, сфативме дека не само што ја откривме најсветлата далечна галаксија, туку дека и таа ги има сите карактеристики на ѕвездите од третата популација“, вели д-р Дејвид Собрал, астрофизичар од Универзитетот во Лисабон, Португалија.

Ѕвездите од третата популација (Population III stars) се оние ѕвезди кои се формирале од материите кои останале по Големата експолозија (Биг Бенг) – водород, хелиум и литиум. (Сонцето е класифицирано во првата популација, што значи дека е од релативно ново потекло и содржи потешки елементи.) Научниците долго време веруваат дека овие ѕвезди постојат, но досега не биле забележани. Тие се желни да дознаат што повеќе за овие ѕвезди бидејќи веруваат дека од нив се создале сите потешки елементи кои го сочинуваат нашето тело и нашиот свет.

Истражувањето е објавено во „The Astrophysical Journal“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt