Дали сте знаеле дека секој човечки мозок е единствен како што се отпечатоците на прстите?

СПОДЕЛИ

Според новото истражување од Универзитетот во Цирих, секој човек поседува единствена анатомска карактеристика на мозокот. Таа разноликост е резултат на комбинацијата на генетски фактори и индивидуалните искуства.

“Бидејќи не постојат два различни отпечатоци на прски, дактилоскопијата стана најсигурен метод за утврдување на идентитетот за полицијата, генетичарите, производителите на паметни телефони”, вели еден професор од истиот универзитет. Но што е со мозокот?

Претходните студии, фокусирани на централниот нервен систем несомнено покажуваат дека индивидуалните искуства и животните околности влијаат на формирање на мозокот. “Професионалните музичари, или шахисти на пример, имаат посебни карактеристики во мозочните области кои најмногу ги користат за своите активности”, велат од универзитетот.

Меѓутоа, краткотрајните настани исто така можат да остават траги во мозокот: ако на пример, десната рака не се употребува две недели, и уште две недели се држи во иста положба, ќе се намали дебелината на мозочниот кортекс во областите кои се одговорни за контрола.

“Откривме дека искуствата кои имаат влијание на мозокот се со генетски карактеристики, така што со текот на годините секоја личност развива потполно индивидуална анатомска градба на мозокот”, велат од универзитетот.

За да ја истражат својата хипотеза, научниците следеле мозочна активност кај 190 здрави лица во текот на две години, користејќи магнетна резонанца. Студијата вклучила 450 анатомски особини, како што се дебелината на кортексот и обемот на сивата и белата маса.

За секој учесник, истражувачите можеле да идентификуваат индивидуална комбинација на специфични анатомски карактеристики, при што прецизноста на идентификацијата била поголема за 20%.

“Со оваа студија успеавме да потврдиме дека структурата на човечкиот мозок е индивидуална. Комбинацијата од генетски и негенетски фактори јасно влијае не само на функцијата на мозокот, туку и на неговите анатомски карактеристики” – се вели во заклучокот на студијата.

Дискусија

Коментари