Дали Стивен Хокинг ја реши мистеријата за црните дупки?

Ајнштајновата теорија за релативитет предвидува дека физичките информации за материите проголтани од црна дупка се уништени, но законите на квантната механика велат дека тие информации се вечни. Тука лежи парадоксот.

Хокинг, работејќи заедно со Малком Пери од Универзитетот Кембриџ во Англија и Ендрју Стромберг од Харвард, смислил можно решение. Тој вели дека квантно-механичките информации за честичките (кои се движат кон црната дупка) всушност не влегуваат внатре во црната дупка.

„Претпоставувам дека информациите не се зачувуваат во внатрешноста на црната дупка, како што очекувавме, туку на нејзината граница, на хоризонтот“, изјави Стивен Хокинг на конференцијата одржана во Кралскиот институт за технологија во Стокхолм, Шведска.

Информациите се зачувуваат на границата и потоа се враќаат во хаотична и бескорисна форма, што во практични цели значи дека информациите се изгубени, објаснува Хокинг.

Тој исто така дискутирал за црните дупки чија гравитација е толку силна што ништо не може да избега откако ќе го помине хоризонтот, дури ни светлината.

 

„Можно е црните дупки всушност да се портали за други универзуми“, вели тој.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt