Зошто бројот 137 е најмистериозниот број во физиката?

СПОДЕЛИ

Американскиот физичар Ричард Фејнман, еден од највлијателните физичари на дваесеттиот век, кој работел во полето на квантната електродинамика, сметал дека околу нас има Вселена која не опкружува, преточена во еден број, и сметал дека сите теоретичари на физиката треба да го побараат.

Тој тоа го нарече “една од најголемите мистерии во физиката, мистериозниот број што го добивме без никакво разбирање”.

Овој магичен број, константа на фина структура, е темелна физичка константа која е поврзана со јачината на електромагнетната интеракција и има ист износ во сите мерни системи. Изнесува околу 1/137, или попрецизно 1/137.03599913, означен со грчката буква – α.

Посебно специјално во овој случај е тоа што таа се смета за најдобар пример на чист број, оној на кој не му требаат единици. Тој всушност комбинира три природни константи, брзина на светлината, електричен набој и планковата константа, како што објаснува физичарот Пол Дејвис.

Својата привлечност 1/137 ја должи на она што се појавува на пресекот на клучните области на физиката, како што се релативноста, електромагнетизмот и квантната механика.

Британскиот физичар Лоренс Ивс од Универзитетот Нотингем, смета дека бројот 137 би можел да биде сигнал на вонземјани, да имаме една мерка на совладување на нашите планети и разбирање на квантната механика. Доколку постојат, најверојатно овој број и нив им е познат, особено ако имаат развиено напредна наука.

Овој број низ времето заинтригира многу научници, помеѓу кои и нобеловецот Волфганг Паули (1900-1958), кој бил опседнат со него целиот негов живот.

“Кога ќе умрам моето прво прашање до ѓаволот ќе биде: Која е смислата на константата за фина структура?”, зборувал тој низ шега.

Ова прашање го допрел и при доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм 1946 година, говорејќи дека е потребна теорија која би ја одредила вредноста и со тоа би ја објаснила атомистичката структура на електричната енергија која е најважна од сите електрични полиња кои се појавуваат во природата. Еден од пионерите на квантната механика, починал во болничка соба 137. Паули во текот на целиот негов живот бил опкружен со овој број.

Една од можностите за користење на овој број е мерење на интеракцијата на наелектризираните честички, електрони и електромагнетни полиња.

Алфа одредува колку брзо еден атом може да емитира фотон. Исто така влијае на деталите на светлината што ја емитираат атомите. Научниците може да забележат шема на светлосни смени кои доаѓаат од атомите наречени “фина структура”. Оваа “фина структура” е видлива на сонцето и светлината што доаѓа од другите ѕвезди.

Сепак, физичарите сеуште се прашуваат зошто природата инсистира на овој број?

Во низа од различни пресметки овој број се појавува од 1880 година, но до денес и покрај многуте различни можности, ниту едно објаснување не е релевантно.

 

Дискусија

Коментари