Најновите налози на истражувачите од Универзитетот Саарланд во Хамбург кажуваат дека чаша црвено вино пред да запалите цигара, може да ја спречи штетата која ја причинуваат цигарите.Виното содржи хемикалии кои штитат од краткорочно оштетување на слузницата од крвните садови.
Научниците ги истражувале ефектите од пушењето на крв и артерии од 20 здрави непушачи кои учествувале во истражувањето.
Пола од нив пиеле црвено вино еден час пред да запалат цигара, што спречило да излезат микрочестиците, тромбоцитите и белите крвни зрнца од ѕидовите на артеријата.
Исто така намалено е воспалението и успорен е генетскиот процес на стареење во ќелиите поврзан со ензими и теломераза – кој се забрзува после испушена цигара.
Активноста на теломеразата кај волонтерите кои не пиеле вино после пушењето паднала за 56 отсто, додека кај оние кои се напиле чаша вино пред да запалат цигара паднала за само 20 отсто.
Главниот научник, д-р Викторија Шварц од универзитетот Сарланд кажува: „Целта на нашето истражување беше да се испитуваат васкуларните ефекти од црвеното вино кај здрави поединци пред да запалат цигара“.
„Ги откривме доказите дека конзумирањето на црвено вино ги спречува васкуларните повреди кои ги предизвикува пушењето“.
Викторија Шварц додала дека оваа студија била фокусирана на здрави непушачи, не е сосема јасно дали ова откритие може да се однесува на постари, болни страствени пушачи.
Исто така Шварц истакнала дека самата таа и нејзиниот тим не сакале да ги мотивираат повремените пушачи да почнат да пијат, ниту пак оние кои помалку пијат вино да почнат да пушат.