Дали внесувате доволно витамин Б12?

СПОДЕЛИ

Најверојатно витаминот Б12 не ви паѓа на памет додека водите сметка за здравата исхрана, но сепак е многу корисен за најважните телесни функции, како формирањето на црвените крвни клетки и одржувањето на нервните функции. Лекарите рутински не прават тестови дали имате доволно од овој витамин, а така неговиот недостаток може да помине незабележано.

Со текот на времето, недостатокот од витаминот Б12 предизвикува анемија, оштетување на нервите и проблеми со меморијата и здраво размислување. “Тоа е лесно да се избегне. Важно е да се препознаат симптомите на недостаток и да се превземат мерки”, вели Стејси Нелсон со Општата болница во Масачусетс во Бостон.

Vitaminot B12 е растворлив во вода и природно го има во животински производи. Некоја храна е засилена со синетички Б12 витамин. Кога јадете месо, јајца, риба или млечни производи, Витаминот Б1 се ослободува од протеините со помош на хлороводородна киселина и ензими во желудникот. Синетичкиот Б12 витамин во засилена храна е веќе во слободна форма.

Желудникот создава таканаречен внатрешен фактор кој се врзува за витаминот Б12 и единствено со таа врска е возможна апсорпција на витамини во тенкото црево. Во поголем ризик се лицата над 50 годишна возраст бидејќи желудачните клетки со стареење стануваат помалку ефективни и лачат помалку хлороводородна киселина, што значи и помала апсорпција на витамин Б12.

Луѓето со целијачна, кронова болест или оние кои имале хируршки зафат со цел да ослабат, можат да излачат помалку хлороводородна киселина или внатрешен фактор во желудникот. Доколку сте веган, размислете да посегнете по засилени житарици, квасец или друг надоместок на витаминот Б12. Ова е особено важно за бремени жени и доилки кои престанале да јадат животински производи. Децата кои немаат доволно витамин Б12 можат да претрпат трајни невролошки оштетувања.

Два вида на лекови кои се користат против чир и гастритис. го намалуваат лачењето на желудечна киселина која е потребна за ослободување на овој витамин. Постојат докази дека и метформинот (Glucophage) кој го земаат дијабетичарите, може да ја намали апсорпцијата на витаминот доколку лекувањето трае неколку години.

Доколку имате пернициозна анемија, оваа состојба влијае врз производството на внатрешни фактори во желудникот, а Б12 витаминот не може да се апсорбира од правилен состав. Често недостатокот на овој витамин поминува незабележано, бидејќи многуте симптоми како замор, слабост, запек, губење на апетитот и слабеење се врзани со многу други состојби.

Други симптоми од недостаток на овој витамин се вкочанетост и пецкање во екстремитетите кои исто така се чести кај лицата со дијабетес. Затоа доколку имате барем два од овие симптоми, задолжително разговарајте со вашиот лекар.

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ