Дали жените треба да носат градник?

Woman putting on brassiere

Постои мит дека за време на женското движење од 1970-тите години жените ги палеле своите градници. Вистина е дека можеби имало два – три такви случаи, но палењето на градниците сепак не било така масовно како што се верува. Затоа пак, сознанието дека носењето градник нема таква корист како што се мислеше порано, можеби ќе ги охрабри жените да ги соблечат, па и навистина да ги запалат градниците.

Жана-Дениз Рујон, научник и истражувач од Универзитетот Франш-Комте, во едно интервју за „France Info“ вели: Медицински, физиолошки и анатомски, градите немаат корист од тоа што ќе бидат лишени од гравитација“.

15-годишната студија била спроведена во универзитетската болница, каде Рујон ги мерела и испитувала градите на повеќе од 300 жени, на возраст помеѓу 18 и 35 години. Со помош на инструменти биле мерени промените и бележено како дополнителната поддршка што ја дава градникот влијае на телото со текот на времето.

Наодите покажале дека носењето градник од рана возраст не прави ништо што ќе ја помогне поддршката на градите, ќе ги редуцира болките во грбот или ќе го спречи опуштањето на градите. Истражувачите веруваат дека градите ќе им бидат поцврсти доколку жените не носат градник.

Во истражувањето, жените кои престанале да носат градник (по сопствена желба, а не за потребите на истражувањето) имале за седум милиметри поподигнати брадавици во споредба со жените кои редовно носеле градник. Според тврдењата на научниците, градникот може да ја попречува циркулацијата и со време да ја намали цврстината на градите и практично да го забрза нивното опуштање.

bra„Кај помладите девојки, неносењето на градник ќе придонесе да се зголеми продукцијата на колаген и еластичноста, што ќе овозможи поголемо подигање на градите што се во развој“- објаснува д-р. Стафорд Бруманд во „Refinery 29“.

И покрај овие резултати, Рујон вели дека би било опасно на сите жени да им се советува да не носат градник, врз основа на резултати добиени од истражување на еден примерок од жени кои не ја претставуваат целата женска популација.

Покрај тоа, ништо не е споменато во врска со големината на градите на учесничките. Веројатно секоја жена со средно големи или многу големи гради ќе се соочи со одредени потешкотии ако не носи грдник, особено додека џогира или игра тенис на пример.

Па веројатно, масовно палење на градниците сепак нема да има.

Статијата е преземена од „YourTango“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.