Данец собира пари за изградба на 22 тонска ракета

Секако, за тоа треба да го поддржите неговиот проект „Moon Spike“ преку „Kickstarter“ и да му помогнете да ги собере потребните 6 милиони круни, со кои ќе се покрие првата година од овој пет годишен проект.

Доколку успее да ги собере парите, Бенгстон и неговиот тим на инженери се надеваат дека ќе ја лансираат ракетата околу 2020 година. Рактетата ќе биде висока 23,4 м. и ќе тежи 22 тона.

 

 


„Ова е една инженерска авантура, исто како и моите претходни проекти. Сакам да правам работи кои теоретски не се невозможни, но се многу тешки“, вели тој.

Бенгстон претходно работел и за Европската вселенска агенција и за НАСА. Исто така бил вклучен и во холандскиот проект за колонизирање на Марс, но најверојатно е најдобро познат по неговиот аматерски проект „Copenhagen Suborbitals“ кој вклучувал изградба на вселенска ракета со човечки екипаж, која доживеала неколку тест лансирања, но на крајот не успеала.

Овој проект го регулира вселенската агенција на Велика Британија, но неговиот развој и производство ќе се одвиваат во Копенхаген, што значи дека лансирањето на ракетата би можело да се случи некаде во Данска. Ракетата ќе патува до Марс, каде што ќе депонира мал сад со слики, видеа и други податоци од оние кои финансиски ќе го поддржат проектот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt