Дебелината – светски проблем

Речиси секој трет човек на светот има зголемена телесна тежина или е дебел, покажуваат наодите на една нова студија.

Со студијата биле опфатени 195 земји во периодот од 1980 до 2015 година.

Од 1980 година, бројот на дебели лица двојно се зголемил во над 70 земји, меѓу кои и Турција, Венецуела и Бутан, а пораснал и во повеќето од останатите земји.

Во 2015 година, 2,2 милијарди луѓе биле со прекумерна телесна тежина. Од нив, околу 700 милиони, вклучувајќи и речиси 108 милиони деца биле дебели.

На глобално ниво, околу пет отсто од децата и 12 отсто од возрасните биле дебели во 2015 година.

Од 20-те најнаселенте земји, САД со тринаесет отсто има најголем процент на дебели деца и млади лица, додека Египет е на врвот на листата по број на дебели возрасни лица со 35 отсто.

Најмал процент во двете категории се забележени во Бангладеш и Виетнам со околу еден отсто.

Покрај тоа што укажуваат дека бројот на дебели лица во светот се зголемува, истражувачите се надеваат дека ќе се подигне свеста за болестите поврзани со дебелината, а кои можат да бидат фатални.

Анализите покажале дека речиси 70 проценти од смртните случаи поврзани со дебелината биле како поседица на кардиоваскуларни заболувања, од кои починале 2,7 милиони луѓе во 2015 година, по што следи дијабетот, како втора водечка причина за смрт.

Резултатите од истражувањето се објавени во  „New England Journal of Medicine“.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.