Демантирана уште една теорија за мистериозниот Бермудски триаголник

Во изминатитве години се појавија нови теории во врска со озлогласениот Бермудски триаголник, меѓу кои и таа за меури полни со метан кои се издигаат од дното на океанот и ги потопуваат бродовите.

Иако ова на прв поглед делува дека е возможно, физичарката Хелен Черски  од Универзитетскиот колеџ во Лондон, тврди дека оваа теорија е потполно неточна – пишува „Business Insider“.

Според теоријата, на дното на Атлантскиот океан, во регионот на Бермудскиот триаголник се наоѓаат „гасни џебови“ полни со метан. Тие од време на време пукаат и ослободуваат голем број на мали меури кои се движат кон површината. Концентрацијата на тие меури е толку голема што ги оневозможува бродовите да пловат, кои опружени со метан, пропаѓаат и тонат кон дното.

„Замислете дека на дното на океанот се наоѓа место каде што е акумилиран метан. При експлозија метанот може да се ослободи и голем број на меурчиња да се искачат кон површината на водата. Тие меурчиња ќе стануваат се помали и додека се искачуваат со себе ќе повлекуваат вода. Водата им момент на сила и поради притисокот што го врши на бродот ќе го оттурне на страна.

Теоретски тие меурчиња би можеле да потопат брод, но само ако успеат да го превртат бродот на една страна. Меѓутоа, бродовите се направени со херметички затворени воздушни комори кои го спречуваат превртувањето. Во секој случај, меурчињата бродот го потиснуваат нагоре, а не го повлекуваат надолу, така што меурчињата во Бермудскиот триаголник дефинитивно не ги потопуваат бродовите“– вели Черски.

Бермудскиот тријаголник е област во Атлантскиот океан која  се граничи со Флорида, Бермудите и Порторико. Исто така претставува и еден од најпрометните трговски патишта и место каде наводно многу бродови и авиони мистериозно исчезнале според некои толкувања, бројот на овие исчезнувања е претеран, а некои случаи се дури и измислени. (повеќе на енаука.мк – „Решена мистеријата на Бермусдкиот триаголник“)

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.