Откриени нови 7.000 меури со гас под Сибир кои може да експлодираат во секој момент!

СПОДЕЛИ

Минатата година, на далечниот сибирски остров Бели истражувачите открија дека земјата „клокоти“ на одредени места  и под нозете на локалното население се чини мека како желе.

Во тоа време беа идентификувани само 15 од овие потечени меури, но понатамошната истрага во поширокиот регион на полуостровите Јамал и Гејдан откри уште 7.000 од нив, за кои што се загрижени дека може да експлодираат во секој момент.

„На прв поглед, таквата испакнатина ни личи на меур, или „bulgunyakh“ според локалниот јазик „Yakut“. Но, со текот на времето овој меур експлодира, со што се ослободува гас. Од тоа се формираат гиганските кратери“ изјавува Алексеј Титовски, директор на Одделот за наука и иновации во Јамал.

Овие гигантски кратери на кои Титовски мисли се навистина застрашувачки како што и звучат. Кога потечените меури ќе пропаднат тие формираат мали дупки во земјата, меѓутоа тие исто така и се поврзуваат со масивните дупки и кратери кои се појавуваат низ Сибир:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=AqunK_Zev1E

Па, замислете сега илјадници од овие смртоносни замки како точки на целата површина на земјата, со сега новооткриените 7.000 меури подготвени да експлодираат без предупредување.

Што точно се случува овде?

Во 2016-тата година, локалните истражувачи Александар Соколов и Дороти Ерих ја отстранија нечистотијата и тревата која ги покривала овие испакнатии и открија дека воздухот кој излегувал од нив содржел 1.000 пати повеќе метан и 25 пати повеќе јаглерод диоксид.

Исто така, едно истражување во 2014-тата година на 30 метри широкиот кратер на полуостровот Јамал откри дека воздухот во близина на дното на кратерот има невообичаено висока концентрација на метан, до 9,6 проценти, за разлика од околниот кој обично содржи само 0,000179 проценти метан.

Истражувачите сметаа дека овие меури со метан се поврзани со топлотниот бран кој ја погоди сибирската тундра.

Сибирскиот мраз стана познат по својата способност да ги сочува работите совршени илјадници години, како на пример случајот со 12.400 години старото куче или пак малите лавови кои се’ уште имаа крзно дури и по 30.000 години.

Според едно истражување од 2013-тата година, доволен е само глобален пораст на температурата од 1,5 степени Целзиусови за да започне периодот на топење на мразот, но благодарение на невообичаените топли лета поврзани со климатските промени, локалните истражувачите се сомневаат дека тоа веќе се случува, со загрижувачките температури во јули 2016-та од 35 степени Целзиусови.

Нивното појавување на таква височина е најверојатно поврзано со топењето на мразот, кое пак е поврзано со порастот на температурата на северниот дел на Евроазија во текот на последните неколку децении- изјавува потпаролот од Руската академија на науки.

Според Василиј Богојавленски од Руската академија на науки кој ги проучува овие меури со години, тука земјата датира од ерата „Cenomanian“ од епохата на „Late Cretaceous” (или Доцниот Креда период) пред  100.5 – 93,9 милиони години и е идентификувана како антички, плиток резервоар за гас кој се наоѓа на само 500-1.200 метри под површината.

Излегувањето на гасот на површината преку пукнатините предизвикува притисок во глинените слоеви на палео-мразот, и поминува низ ослабените делови, формирајќи ги изворите на гас и пукнатите кратери, пишува Богојавленски во изданието на „GEO ExPro magazine“ во 2015.

„Во суштина,  по подолг период на раст, горниот дел од почвата која го покрива јадрото на мразот пука, со што мразот се топи и формира кружно езеро. Познато е дека понекогаш ваквите купови на мраз експлодираат под силен притисок на мраз“.

Погледнете една слика од пораснатиот меур откриен од страна на Богојавленски:

А погледнете како изгледаат доколку се доволно мали за да се стапне на нив:

https://www.youtube.com/watch?v=06Xc3LtZRWo

Добрата вест е што има неколку истражувачки тимови во тундрата, кои го проучуваат овој феномен, па се надеваме дека наскоро ќе имаме конечни одговори.

Сепак, приоритетот на истражувачите во овој момент е да откријат кои меури претставуваат закана за локалното население, и да направат мапа обележувајќи ги истите.

Истражувањата ќе продолжат и во текот на целата 2017-та година.

Дискусија

Коментари