Депресијата на родителите влијае на бебињата

според новото истражување од медицинската школа на Универзитетот Нортвестерн.

Претходните истражувања се фокусираа само на депресијата на мајката по раѓањето, откривајќи дека нејзините симптоми може да влијаат на однесувањето на детето во раните години. Ова е едно од првите истражувања кое покажува дека влијанието на таткото е подеднакво како и на мајката. Истражувањето е објавено во онлајн изданието на „Couple and Family Psychology: Research and Practice“.

Научниците собирале податоци од приближно 200 парови со деца на 3-годишна возраст. Овие парови учествувале во истражувања за депресија кога нивните деца се родиле. Притоа, било откриено дека депресијата кај родителите била поврзана со однесувањето на децата (плачење, тага и сл.), родителите кои покажувале знаци на депресија по раѓањето на детето, исто така ги покажувале и по три години и депресивните родители придонесувале за лошото однесување на децата дури и повеќе од кавгите помеѓу нив.

Депресивните мајки и татковци нема толку често да остваруваат контакт со очите или да му се насмевнуваат на детето, како оние родители кои не се депресивни. Колку повеќе родителите се оддалечени од своето дете, толку тоа дете потешко ќе создава врски и здрави емоции. Депресијата влијае на начинот на кој луѓето ги искажуваат емоциите и може да предизвика промена во нивното однесување“, велат научниците.

Претходни истражувања покажале дека татковците имаат најголем ризик од депресија по раѓањето на детето. Доколку рано се открие и се третира депресијата и кај мајките и кај татковците, симптомите ќе се спречат, и што е најважно, нема да влијаат на детето.

Поддржете ја нашата работа: