Детектиран водород во исклучително далечна галаксија

Астрономите детектираа слаб сигнал на водород во исклучително далечна галаксија лоцирана на оддалеченост од околу 5 милијарди светлосни години, со што поставија нов астрономски рекорд.

Научниците го направија ова откритие со помош на телескопот „VLA“ во опсерваторијата во Ново Мексико, кој само што имал значително надградување на антените што му овозможило да детектира сигнали на водород на речиси двојно подолго растојание од претходниот рекорд од 3 милијарди години.

Водородот е основниот елемент во универзумот. Тој е првиот градежен елемент на гасот, ѕвездите и галаксиите. Ова откритие кое овозможува поглед назад во времето е особено важно за проучување на формирањето и еволуцијата на галаксиите.

Научниците велат дека оваа галаксија некогаш содржела милијарди млади масивни ѕвезди, создадени од околниот неутрален водород гас.

hydrogen-signal-1Целта на овој проект е да се проучи како гасот во галаксиите се пременил низ историјата. Дали галаксиите во минатото имале повеќе гас кој се претворал во ѕвезди отколку галаксиите денес, или не?!

Истражувањето е објавено во „The Astrophysical Journal Letters“.

Поддржете ја нашата работа: