Истражувачите од „Check Point“ откриле малициозен софтвер вметнат во стотици апликации во „Google Play store“, кој го нарекоа „DressCode“.
Најстарите апликации инфицирани со овој вирус во „Google Play“ се од април 2016 година и сѐ до неодамна останале незабележени. Некои од овие апликации достигнале од 100.000 до 500.000 преземања. Помеѓу 500.000 и 2.000.000 корисници ги симнале инфицираните апликации од „Google Play“.
Компанијата го известила „Google“ за заразените апликации и некои веќе се симнати од „Google Play“.
„DressCode“ создава ботнетс, кои користат прокси „IP“ адреси, за кои истражувачите од „Check Point“ сметаат дека биле користени да са маскира кликањето на реклами, што му овозможува на напаѓачот да генерира приходи, без знаење на корисниците.
Во видеото подолу се објаснува како функционира DressCode:
Целосната листа на инфицирани апликации може да ја погледнете тука.