Осумгодишното девојче Сага Ванесек од Шведска, пронајде меч стар 1.500 години во шведското езеро Видостерн.
Сага Ванесек му помагала на својот татко додека бил во чамец на езерото, при што нагазила на 85 сантиметри долг меч во футрола, изработена од дрво и кожа. Се верува дека мечот датира од старите нордиски времиња, уште пред Викинзите.
Микаел Нордстром од локалниот музеј во Јеншепинг изјави дека оваа откритие поттикнало и други луѓе да бараат богатства на езерото, чие ниво е значително намалено поради сушата.
Подоцна е пронајден и брош од четвртиот век пред нашата ера.
Нордстром наведе дека археолозите се уште ја истражуваат причината како овие предмети се нашле во езерото.
Поддржете ја нашата работа: