Девојче со поголема интелигенција од Ајнштајн и Хокинг

12-годишната Никол Бар, која живее во приколка како дел од патувачка заедница во Велика Британија, постигна 162 поени на тестот за интелигенција – притоа победувајќи ги познатите генијалци Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг за 2 поени.

Таа го направила тестот откако татко и се посомневал дека нејзината импресивна меморија може да ја квалификува во „славното општество“. Резултат на гениј има секој кој ќе постигне над 140 поени, а просечниот резулат е 100 поени.

Никол оттогаш е на насловните страници ширум светот, но тоа не значи дека таа е попаметна од Ајнштајн или Хокинг, или пак, од оние кои имаат помали резултати од нејзините. Во текот на изминатата деценија, невролозите покажаа дека тестовите за интелигенција не ја покажуваат целосната слика за интелигенцијата, односно соодветно ја мерат меморијата, способноста за математика, вербално расудување и логика, но не и целокупната интелигенција која вклучува синхронизација на неколку региони на мозокот одеднаш. Всушност, едно истражување од 2012 година, еднаш и засекогаш покажа дека не е доволно едно мерење на интелигенцијата за да се забележат сите разлики во когнитивните способности кај луѓето.

Но, сепак, останува фактот дека тестовите за интелигенција се прифатена алатка со која општеството ја мери интелектуалната моќ, па така, победата на два од најпознатите умови во историјата е прилично импресивно. Ова исто така ни покажува дека не е важно од каде потекнуваме, секој може да биде академски брилијантен.

Никол отсекогаш била страствен ученик и планира да стане доктор.

Поддржете ја нашата работа: