Диеталните пијалоци кои се без шеќер не се корисни за губење на тежината, и можат да предизвикаат нејзино покачување, тврдат научниците од „Imperial College“.
Прегледот на голем број студии кои датираат од пред 30 години наназад покажа дека нема цврсти докази дека алтернативите без шеќер можат да спречат зголемаување на телесната тежина, дијабетес тип 2, или да помогнат при одржување на здрав индекс на телесна маса (БМИ).
Иако вештачки засладените пијалоци содржат помалку калории отколку засладените верзии, истражувачите велат дека при нивно конзумирање сепак се активираат мозочните рецептори за благо, што може да предизвика поголем апетит. Комбинирајќи го фактот со тоа што повеќето луѓе ги гледаат диеталните пијалоци како поздрави, тоа би можело да доведе до прекумерна потрошувачка, тврдат истражувачите.
„Честата перцепција, која неретко е под влијание на маркетинг индустријата, се јавува поради тоа што диеталните пијалоци немаат шеќер, па треба да бидат поздрави и да предизвикаат губење на телесната тежина, иако сепак се засладени со вештачки шеќери”, вели професорот Кристофер Милет, истражувач од Школата за јавно здравство.
„Не најдовме цврсти докази кои го поткрепуваат ова. Далеку од помош при решавање на глобалната криза со дебелината, вештачки засладените пијалоци не треба да бидат промовирани како дел од здравата исхрана”.
Авторите ја потврдија студијата со тоа што најдоа докази дека диеталните пијалоци кои досега се пласирани на пазарот се финансиски поткрепени од страна на индустријата.
Од друга страна пак, од Британската асоцијација за безалкохолни пијалоци велат дека е погрешно да се таргетираат диеталните пијалоци бидејќи досега им помогнале на доста луѓе да се задржат на нискокалорична диета.
„Во време кога се обидуваме да ги охрабриме луѓето да го намалат севкупниот внес на калории, јасно е дека продуктите кои не содржат шеќер се екстремно бескорисни во намалување на калории, и не се детално медицински испитани“, вели Гевин Пертингтон, генерален директор на „BSDA“.
„За луѓето кои сакаат да управуваат со својата тежина, без сомнение најдобар избор е водата, но за многу луѓе кои користат вештачки засладени пијалоци ова ќе биде многу тешка промена”, вели Сузан Џеб, професор за исхрана и здравје на населението од Универзитетот во Оксфорд.
Можеби диеталните пијалоци се чекор во вистинска насока за намалување на калории, но треба се земе предвид дека сепак доколку сакаме да бидеме здрави треба да се храниме здраво и да внесуваме повеќе вода во организмот, со што трајно ќе ја регулираме телесната тежина.