На светот нема доволно овошје и зеленчук за сите да се хранат здраво

Новата студија открива дека во светот не се произведува доволно овошје и зеленчук за сите да се храниме здраво.

Студијата е објавена во списанието PLOS One, а лидер е еден канадски универзитет кој го следел глобалното земјоделско производство.

“Едноставно не можеме сите да се храниме здраво со тековниот глобален систем на земјоделие” – вели ко-авторот на студијата Еван Фрасер.

Тимот работел со претпоставка дека половина од нашата исхрана мора да содржи овошје и зеленчук. Потоа, четвртина житарици, и четвртина протеини, масти и млечни производи. Тоа се препораки од харвардскиот водич за здрава исхрана.

Натаму споредувале колку земјишта се користат за земјоделие. Тимот ги проектирал наодите до 2050 година, кога глобалното население би можело да достигне бројка од 9,8 милијарди.

Има доволно жито, шеќер и масти за секого, но не и овошје и зеленчук за потребите на сите – се наведува во сопштението.

Една од причините е тоа што земјите во развој имаат тенденција да се фокусираат на јагленихидрати, кои лесно се произведуваат.

Втор проблем е тоа што мастите, шеќерот и солта се вкусни – велат експертите.

Со цел да се исполнат препораките, експертите тврдат дека би требало да јадеме помалку месо, додека би требало да се произведе повеќе храна од растително потекло.

Поддржете ја нашата работа: