Диносаурусите веќе изумирале и пред ударот од астероидот?

Едно ново истражување открива дека одредени видови на диносауруси биле во изумирање милиони години пред ударот од астероидот кој се смета заслужен за нивното исчезнување.

Ова е прилично важно бидејќи конечно би можело да се стави крај на една од најдолгите дебати во палеонтологијата и да ни помогне еднаш за засекогаш да разбереме што се случило во последните години на диносаурисите на Земјата.

Научниците користеле статистички анализи и фосилни податоци за да создадат семејно дрво на трите главни видови на диносауруси: орнитишиа (тревојади диносауруси со клун), тероподи (месојади како Т. Рекс) и сауроподи (тревојади со долг врат).

Откриле дека развојот на диносаурусите земал замав за време на доцниот Тријас период пред околу 220 милиони години, но одредени видови започнале да умираат побрзо отколку што би можеле да бидат заменети со нови видови околу 100 милиони години подоцна.

Тоа е десетици милиони години пред 9,6 километарскиот астеорид да ја погоди Земјата.

Претходно, многу научници сметаа дека диносаурусите се развивале се до тој момент, но ова истражување сугерира дека нивната популација всушност била во долгогодишно опаѓање, што можеби и ги направило толку подложни на истребување.

„Ударот од астероидот е се’ уште главниот кандидат за исчезнувањето на диносаурусите, но јасно е дека тие не биле во цутот на својот развој, во еволутивна смисла“, вели главниот истражувач Манабу Сакамонто од Универзитетот во Рединг, Англија.

last_days_of_the_dinosaurs_183a1h_by_maspix-d5pskyzОва откритие е револуционерно во тој поглед што може да го смени нашето разбирање за судбината на овие суштества. Ненадејната апокалипса можеби е причина за истребувањето, но нешто друго спречувало брзината на еволуцијата на нови видови да е еднаква на брзината на изумирање на старите видови на диносауруси.

Кога астероидот удрил во Земјата, исфрлил милиони тони прашина во атмосферата што ги блокирало сончевите зраци и предизвикало намалување на температурите и изумирање на растенијата. Диносаурусите не ги преживеале овие промени, но други видови, како цицачите, успеале да преживеат.

Истражувачите велат дека слабеењето на доминацијата на диносаурусите им овозможило на цицачите предност за да преживеат и да ги заменат диносаурусите како доминантни животни на земјата.

Ова истражување, објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“ исто така може да ни помогне во предвидувањето на животните кои се особено ранливи на истребување, со оглед на тековните климатски промени.

Но, се’ уште останува едно прашање – дали ова значи дека диносаурусите и онака би измуреле, без разлика на астероидот?

Поддржете ја нашата работа: