Kaко влијае морето на физичкото и психичкото здравје?

Речиси и да не постои некој кој не сака да ужива на плажа, да се сонча или да се капе во море. Научниците објаснуваат зошто е тоа така и како сонцето, песокот и морската вода влијаат на нашето физичко и психичко здравје.

Неколку студии покажуваат дека поминувањето време на плажа го зголемува чувството на среќа, добро е за општото здравје и ги подобрува мозочните функции. Истражување од Универзитетот Коби во Јапонија покажало дека луѓето кои живеат во куќа со поглед на море се далеку посмирени од останатите, а според друго британско истражување, луѓето кои живеат во близина на морето имаат подобро психичко и физичко здравје.

Морската вода содржи минерали меѓу кои магнезиум, калиум и јод, кои му помагаат на организмот да се избори со инфекциите, а дишењето на воздухот во близина на морето помага за добар сон.

Исто така, самата боја на водата и звуците од брановите делуваат смирувачки.

“Сината боја се поврзува со чувството на смиреност. Звуците кои ги произведуваат брановите помагаат во активирање на парасимпатичкиот систем кој не успорува и ни помага да се опуштиме”, вели доктор Шустер.

Дополнително, умерената изложеност на сонце е примарен начин за синтеза на витаминот Д во организмот кој игра витална улога во одржувањето на целокупното здравје и благосостојба.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt