На најјужниот дел на новозеландскиот Јужен остров се наоѓа парче земја што се нарекува „Slope Point“. На ова место дрвјата растат различно од кое било друго место во светот.
Според видот, дрвјата не се разликуваат од останатите на островот, но на овој дел дрвјата растат накриво и изгледаат како густа коса разбушавена од ветер.
„Slope Point“ се наоѓа на оддалеченост од 4.803 километри од Јужниот пол и неверојатни 5.140 километри под екваторот. Бидејќи е толку јужно, местото е секој ден изложено на силни ветрови.
Еве како тоа изгледа на карта:
Оваа локација на -46,6601 степени географска ширина, значи дека ветровите од Антарктикот може непречено да патуваат цели 3.218 километри, пред да го погодат местото, што е причина за постајан, неизбежен налет на ветрови.
Покрај тоа, поради изложеноста на силните ветрови, теренот што го сочинува „Slope Point“ завршува со гребени кои стрмно се спуштаат кон океанот.
Дрвјата, кои биле засадени од локалните овчари за да им обезбедат некаква заштита на нивните стада, растат навалени на страна, што е уникатно за „Slope Point“.
Заради силните ветрови и стрмните гребени, местото не е населено со луѓе. Областа околу „Slope Point“ се користи за одгледување на овци, иако нема куќи, само неколку колиби.
„Slope Point“ не е единственото место на Земјата каде има криви дрвја. Во т.н. Искривена шума во Полска дрвјата раста закривени под 90 степени од основата.
За разлика од „Slope Point“ истражувачите сметаат дека Искривената шума е така обликувана од луѓе, веројатно во 1930-тите години, но зошто некој би поминал толку време обликувајќи ги дрвата – останува мистерија.
Погледнете ги овие прекрасни дрвја од „Slope Point“.


































