Долгото спиење ја редуцира потребата за благо

Sleeping on your Side

Според студијата од King’s College во Лондон, спиењето е фактор ризик за дебелина и кардиоваскуларни болести, а некои податоци сугерираат дека повеќе од третина од возрасните лица во Велика Британија, каде и е спроведена оваа студија, не спијат доволно во текот на ноќта.

Во новата студија пак, се покажало дека дури и 20 минути додатен сон ја намалува потребата од внесување на благо. Научниците од истоимениот колеџ потврдуваат дека оние кои поминуваат повеќе време во кревет успеваат во намерата да се хранат здраво.

Тестирале група од луѓе кои спиеле помалку часа во текот на ноќта. Им кажале да одат на спиење 20 минути порано, што резултирало со намалување на внес од нездрави шеќери и други намирници за 10 грама, а тоа е третина од вкупната количина која се препорачува на дневна база.

Групата исто така ги сметала и јаглените хидрати. Се верува дека недостатокот на сон делува на мозочните клетки кои така реагираат повеќе на нездрава храна. Тоа воедно е една од причините што луѓето кои недоволно спијат имаат вишок килограми.

Претходните студии веќе покажаа дека недостатокот на сон делува на начин на кој човекот внесува дури до 385 додатни калории дневно.

Во оваа студија учествувале две групи од по 21 лице. Луѓето од првата група спиеле помеѓу 5 и 7 часа, додека од другата спиеле додатни 20 минути. После еден месец, втората група го намалила внесот од шеќери за 9,6 грама дневно. Со тек на време го продолжиле спиењето за цели 55 минути.

Заклучокот кој се наметнува е дека додатното спиење може да доведе до здрава исхрана.

“Нашите резултати, исто така, укажуваат на тоа дека зголемувањето на времето поминато во кревет еден час или подолго може да доведе до поздрав избор на храна. Тоа дополнително ја зајакнува врската помеѓу краткото спиење и послабиот квалитет на исхрана, која е веќе забележана во претходните студии”, вели Д-р. Wendy Hall од Одделот за прехрамбена наука.

Поддржете ја нашата работа: