Досегашната теорија за канибализмот паѓа во вода?

Канибализмот не била најдобра опција за праисториските луѓе од гледна точка на исхрана, заклучиле научниците кои шпекулираат дека таквата пракса во примитивните заедници би можела да биде случајна или поврзана со борбата за територија и извор на храна.

Анализатакој ја спровел археологот Џејмс Кол од Универзитетот во Брајтон, покажала дека канибализмот обезбедувал помалку калории отколку животинското месо кое се ловело во палеолитот, наречен Постаро камено доба, пред околу 3 милиони години.

Кол ја споредил калориската вредност на човечкото со животинското месо врз основа на остатоците пронајдени на локалитетите од палеолитот.

Заклучил дека човечкото месо давало значително помалку калории отколку месото на повеќето животни како што се мамутот, влакнест носорог или некои видови елен, накратко месото кое го конзумирале хоминидите. Хоминиди е е израз на низа изумрени видови како што се неандарталецот, хајделбергшкиот човек, питекантропот и синантропот.

Кол, кој неговото откритие го опишал во списанието Nature’s journal “Scientific Reports”, се фокусирал на проучување на ловот и нозумацијата на човечкото месо, исклучиво од нутриционистички причини.

Тој смета дека секоја епизода на канибализам во палеолитот имала свој специфичен културен контекст и причина зошто било конзумирано човечко месо.

“Понекогаш таа причина можеби била од сосема практична природа, да се обезбеди храна за заедницата, на пример, да се изеде месо од поединци на групи кои умреле од природна смрт.”

Другите докази укажуваат дека канибализмот бил мотивиран од други причини, како што се одбраната на територија и ресурси.

Поддржете ја нашата работа: