Канибализмот меѓу животните е прилично ретка појава, но овие 5 видови се познати по тоа што го јадат сопствениот вид. Погледнете за кои станува збор.
1. Богомолка
Кога станува збор за парењето кај богомолките, се чини дека големината е важна. Женките се познати по обезглавувањето и јадењето на мажјаците за време на парењето, но истражувањата покажуваат дека тоа се случува кај еден на секои шест мажјаци. Обично тоа се оние помали мажјаци кои селективно се таргетирани од страна на гладните женки – предаторски чин кој се случува дури и кога не се парат.
2. Африканска жаба
Возрасните единки од оваа жаба често се хранат со помладите, но и помладите, па дури и полноглавците исто така може да бидат канибалисти.
3. Поларна мечка
Овие симпатични бели мечки имаат сериозна темна страна. Иако канибализмот кај поларните мечки не е честа појава, во последниве години се’ почесто се забележува. Тоа може да се должи на температурите кои ја отежнуваат потрагата по храна, или пак на зголемената посетеност на Арктикот поради што луѓето ги забележуваат крвавите докази.
На новите мајки им е потребен одмор и храна за да се опорават од пораѓањето, па речиси 70% од нив ги јадат мртвите јајца и потомци. Канибализмот им овозможува да си ја повратат силата без да трошат енергија на лов.
5. Црна вдовица
Женките од овој вид се познати по сексуалниот канибализам. Всушност токму поради нивниот обичај на убивање и јадење на мажјакот се наречени вака. Но, според феромоните на женките, мажјаците можат да препознаат кои потенцијални партнерки се гладни и да ги избегнуваат.