Дозволете робот да ви го пакира автомобилот, за да не губите време

Додека производителите на автомобили развиваат автономни системи кои му овозможуваат на возилото, наместо возачот да најде слободно место на паркинг и самостојно да паркира,  една кинеска компанија решила оваа работа  да им ја довери на роботи.

Потрагата по слободно место за паркирање во големите гаражи и отворените паркинзи  може да потрае подолго време, при што возачот губи драгоцено време.Кинеската компанија „Hikvision“ развила систем на роботизирано паркирање, кој му овозможува на возачот целиот процес на паркирање да им го препушти на машини.

Штом ќе влезе во јавната гаража, сопственикот го остава своето возилото на т.н. приемно паркинг место, од каде го преземаат специјализирани мобилни роботски платформи чија работа е да го однесат возилото до првото слободно паркинг место. Истата постапка, само во обратна насока се изведува кога возачот ќе се врати да го земе својот автомобил.

Погледнете како функционира овој систем на паркирање

Поддржете ја нашата работа: