Американската компанија Boston Dynamics веќе неколку пати ја изненади јавноста со своите роботи и нивните квалитети и можности.
Треба ли воопшто да потсетуваме на нивните роботи SpotMini кој сами отвораат врата во лабораторија или го викаат на помош другиот SpotMini кога вратата не може да се отвори?
Истиот тим објави две нови видеа на кои се прикажани способностите на роботите SpotMini и Atlas.
Така жолтиот робот кој шефот на “Амазон” го шета како куче, може да се движи сам во просторот, да се качува по скали при што во својата меморија создава мапа од севкупниот простор.
Благодарение на камерите кои се наоѓаат на него, SpotMini го препознава просторот околу себе и може да се ориентира каде се наоѓа на мапата. Како што истакнуваат од Boston Dynamics, откако роботот целосно ќе ја формира мапата, продолжува да се движи и функционира целосно самостојно.
Но, тоа не е единствениот робот кој ги покажа своите способности пред јавност.
Во другото видео, роботот Атлас, роботот кој потсетува на човек, уште порано ги покажа своите неверојатни способности, правејќи тешки вежби и трчајќи без никаква помош.