Дрон кој може да ве следи насекаде

Старт-ап компанијата „Zero Zero Robotics“ од Пекинг лансирше лебдечка камера – мал компактен дрон што може да се превиткува, со пропелери што се затворени во цврста лесна шасија од јаглеродни влакна, што го прави сосема безбеден да се фати со гола рака. Покрај тоа, дронот има опција „Следи ме“, која користи андроид телефон или таблет како виртуелна врска, што му овозможува со помош на камерата да ве следи кога се движите.

Дронот тежи само 238 грама и има две камери. Една- 13-мегапикселна камера за фотографии, како и за 4K видео, и втора 3-мегапикселна камера свртена надолу. Кога ќе се превитка, дронот е со големина колку една ВХС касета и лесно заменлива батерија која може да трае околу 8 минути.

Иако е мал, за жал, дронот е сепак бучен. Но, мора да се признае дека за својата големина дронот е добро „спакуван“, а дизајнот за безбедните пропелери е едноставно брилијантен.

Извор: Engadget

Поддржете ја нашата работа: