Амбициозниот план на Фејсбук да ги „покрие“ со интернет и најоддалечените делови од светот – дронот „Aquila“ – имаше успешен лет, објавија од Фејсбук.
Ова беспилотно летало работи на соларен погон и има задача да ги испраќа податоците на земјата со помош на ласер, а додека е во воздух, ќе донесе интернет и до најоддалечените краеви во светот.
Леталото има распон на крила како и комерцијалниот авион „Боинг 737“, тежи помалку од еден автомобил, а успешното тестирање покажало дека користи снага како три фенови за сушење на коса или како една посилна микробранова печка.
Првиот лет на „Aquila“ бил на 28 јуни во Аризона, а од Фејсбук велат дека се’ поминало дури и подобро од очекувањето. Летот траел 96 минути, односно три пати повеќе од планираното. Дронот е развиен за непрекинат тримесечен лет, а со ласерите би требало да спушти интернет сигнал и во подрачја кои не се снабдуваат со електрична енергија.
Планот е „Aquila“ да биде дел од флотата која ќе донесе интернет за четири милијарди жители на субсахарска Африка и другите оддалечени области.
https://www.youtube.com/watch?v=eOez_Hk80TI