Дронови кои го чистат ѓубрето од океаните

Во океанот секојдневно се насобира ѓубре. За да се исчисти барем мал дел од него, Ричард Хардиман од компанијата „RanMarine“ од Холандија користи мали роботи во Ротердам за да го земат ѓубрето од океанот и да го однесат во голема депонија.

Овие мали роботи се всушност дронови кои се наречени „Waste Sharks’, или во превод ајкули за отпад. Доаѓаат во два модели – „Slim“ и „Fatboy“ верзија, а на следното видео може да видите како тие изгледаат.

https://www.youtube.com/watch?v=TLtvpwiUlug
Властите на пристаништето на Ротердам го спонзорираат овој проект до крајот на годината, со вкупно четири ајкули за отпад кои пливаат наоколу. Секоја може да собере до 500 килограми во својата отворена уста, која се протега околу 35 сантиметри под површината на водата.

https://www.youtube.com/watch?v=JOUzkQA6QTA

Поддржете ја нашата работа: