Еболата посмртоносна за децата

Но, оваа епидемија го бележи најголемиот број на заразени деца досега, известува „BBC“.

Научниците открија дека 90% од бебињата за кои се сомневале дека го имаат вирусот починале, за разлика од 65% од возрасните во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Децата имаат помала веројатност да се заразат со вирусот, но научниците велат дека постои итна потреба за специјалистите да ги задоволат нивните различни потреби.

Преку анализирање на податоците од локалните Министерства за здравство и Светската здравствена организација, научниците беа во можност да откријат претходно непознати индиции за тоа како вирусот влијае на различни возрасти на различни начини.

Според податоците, кои почнуваат од почетокот на епидемијата па до јануари 2015 година, околу 80% од децата помали од 5 години, кои веројатно имале или на кои им била потврдена ебола, умреле. Исто така, болеста побрзо напредувала кај младите, кои покажале знаци на заболување дури 72 часа пред повеќето возрасни.

Професорот Кристл Донели од Кралскиот колеџ во Лондон вели: „Особено важно е децата брзо да започнат со третманот. Исто така, треба да се обрне внимание на тоа дали децата добиваат третман соодветен на нивната возраст“.

Спротивно на ова, постарите деца на возраст од 10 до 15 години имале пониска стапка на смртност од возрасните.

Потребни се понатамошни истражувања за научниците да ги откријат причините поради кои постојат овие разлики. Сугерираат дека бебињата се поподложни на дехидрација и затоа брзо им требаат течности преку инфузија.

Вакцинација
Се’ уште нема конкретен лек кој е докажано ефикасен против еболата. Во соработка со Агенцијата за јавно здравство на Канада и компанијата „Мерк“, научниците од Гвинеја работат на вакцина која ќе ги заштити они кои најмногу се изложени на ризикот од заразување. Во тек е тест-вакцинирање на возрасните во Гвинеја. Нивната стратегија вклучува вакцинирање на сите оние кои имале некаков контакт со неодамна инфицираните пациенти за да создадат круг на потенцијална заштита. Луѓето доброволно ќе бидат вакцинирани, а резулатите ќе бидат достапни во јули.

Други испитувања на вакцини се во тек во Либерија и Сиера Леоне. Здравството на Англија најави грант од 1 милион за развој на преносна опрема, која ќе вклучува и тест кој ги дијагностицира сомнителните случаи во рок од 40 минути.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.