Алармантно расте бројот на заболени од ХИВ вирусот

Епидемијата на ХИВ вирусот во Европа продолжува да се шири, и тоа со алармантна брзина, особено во Источна Европа.

Новиот извештај на Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација вели дека бројот на новоизразените продолжил да се зголемува и во 2017 година, но со малку поспор замав.

Во Европа во текот на изминатата година се утврдени 160.000 новозаразени, од кои повеќе од 130.000 се регистрирани во источните делови на Европа, што е најголем број кој таму е некогаш регистриран.

Стапката на новозаболени на Истокот е 51,1 нов случај на 100 000 жители, што е непропорционално високо во однос на Запад, каде стапката е 6,4 случаи на 100 000 жители. Средна Европа има стапка од само 3,2 новозаболени на 100 000 жители. Најмногу новозаболени се забележани во Русија, по која следуваат Украина и Белорусија.

Тоа значи дека до 2020 година овој регион на Европа нема да успее да ја достигне целта “90-90-90”, што како задача ја постави СЗО и ОН со цел да го зашре ширењето на ХИВ вирусот и СИДА.

“Прилично сме далеку од постигнувањето на овие цели, особено во Источна Европа и Централна Азија”, вели др Масуд Дара, координатор за преносливи болести и раководител на групата за ХИВ при СЗО.

Во извештајот се вели дека за постигнување на целите потребно е да се намали бројот на новозаболените до 2020 година за 78 отсто. Во текот на последните три децении во Европа се дијагностицирани ХИВ позитивни 2,32 милиони луѓе. Од СЗО велат дека во светот минатата година се регистрирани 36,9 милиони лица кои живеат со ХИВ. Африка е најмногу погодена, таму живеат 25,7 милиони со ХИВ.

На истокот во Европа, главните причини за ширење на ХИВ се интравенозното користење на дрога и хетеросексуалните односи. Хомосексуалните односи се најчеста причина за ширење во ЕУ. Професор Шена Мек Кормак од Универзитетскиот колеџ во Лондон, вели дека овој извештај носи јасна порака.

“Не работиме доволно во регионот во контролата на епидемијата, и покрај тоа што имаме доволно средства”, вели таа.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.