Овие болести најчесто се фатални, но за среќа и ретки, освен кај епидемиите, како што беше случај со еболата во 2014 година во западна Африка. Но, меѓу нив има и болести кои се чести, како грипот и воспалението на белите дробови, кои може да бидат опасни доколу постојат други компликации, како хронични болести, или генерално нарушен имунитет.
Ова се 7-те најзастрашувачки болести, според „Quality Health“.
1. Ебола
Претставува хеморагична болест која лесно се пренесува преку телесните течности. Првчните симптоми се треска, гадење, повраќање и општа слабост. Подоцна настапува крварење од носот, очите, ушите и ректумот, а можно е откажување на органите. Беше смртоносна во 50 проценти од случаите во Африка, кога пред неколку години дојде до епидемија. Засега не постои ефикасен лек, иако некои експериментални лекови покажаа добри ефекти. На пациентите им се даваат многу течности и трансфузија на крв. Оние кои ќе преживеат долгорочно страдаат од постојани комликации.
2. Амеба што го јаде мозокот(Naegleria fowleri)
Се работи за микроорганизам кој живее главно во застоените води, како езерцата, барите, лошо одржуваните базени со малку хлор и во почвата. Оваа амеба буквално го уништува мозокот. Со вдишување на загадената вода, амебата преку носот патува до мозокот што резултира со примарен амебичен менингоенцефалитис. Инфекцијата се карактеризира со главоболка, вкочанет врат, треска и халуцинации и речиси секогаш завршува фатално во рок од само неколку дена. Иако звучи застрашувачки, за среќа е ретка и во светот до 2008 година се забележени 300 случаи.
3. Бактерија која се храни со човечко месо
Оваа бактеријa предизвикува инфекција позната како некротизирачки фасциитис. Бактеријата влегува во телото преку отворена рана, или исеченица и брзо се шири. Инфекцијата создава токсини кои го уништуваат ткивото, предизвикувајќи огромни болки, оток и промена на бојата на кожата. Доколку веднаш не се третира со силни антибиотици, пациентот може да изгуби екстремитет, или дури и да почине.
Најчест, но не и еднствен причинител се стрептококите од групата А. Генерално, здравите лица би требало да се изборат со оваа инфекција, но опасно е ако имунолошкиот систем е ослабен од некоја причина, при што од исклучителна важност е раните и посекотините темелно да се исчистат.
4. Синдромот „Locked-In“(синдром на „заклучен човек“)
Луѓето со оваа болест се целосно свесни, но не се во состојба да направат било какво движење или да испуштат глас. Оваа ужасна состојба се случува кај мал процент на луѓе после мозочена удар, тешки трауми, тумори или опасни инфекции. Може да се види и кај луѓе кои страдаат од амилоидна латерална склероза (АЛС). Понекогаш овие луѓе може да комуницираат преку движење на очите или со трепкање.
Оваа појава е ретка, но пациентите најчесто умираат во текот на еден месец. Со време може да дојде со делумно или целосно опоравување, но само во случаи кога причината е реверзибилна.
5. Грип
Иако за грипот не размислуваме како за смртоносна боест, сепак шпанскиот грип, во периодот од 1918 до 1920 година однел помеѓу 50 и 100 милиони животи ширум светот(проценките се рзлични). Дури и денес грипот е причина за илјадници смртни случаи секоја година.Обично почнува нагло со висока температура, кашлање, болно грло, болки во телото и ошта малаксаност. Најчесто трае две до три неделели. Иако не е гаранција, вакцината може да обезбеди значителна заштита против оваа болест.
6. Пневмонија (воспаление на белите дробови)
Пневмонијата, исто како и грипот не се смета за смртоносна како што била пред ерата на антбиотиците. Сепак, денес од оваа болест умираат голем број на луѓе, а особено е опасна за постарите лица и оние кои веќе страдаат од некоја друга болест. Ја предизвикуват бактерии, вируси, габи и други микроорганими кои продираат до белите дробови и доведуват до оток на алвеолите, па болните пчнуваат да кашлаат, да продуцираат многу густа слуз, тешко дишат, а пропратена е и со висока температура. Вакцината против грип може да ја превенира појавата на пневмонијата, бидејќи грипот е најчеста причина за воспаление на белите дробови.
7. Беснило
Ако случајно ве касне животно, кое чудно се однесува и може да им беснило, веднаш побрзајте во болница. Со серија вакцини, ако се дадат кратко време после изложеноста, заедно со редовно чистење на раната може да се спречи развојот на беснило. Во спротивно, ако се заразите, беснилото е речиси секогаш фатално, со страшни симтоми меѓу кои делириум, агитации(немир) и халуцинации.